Скопје

Утревечер започнува „Skopje Wine Expo”

Tрадиционалниот фестивал на виното “Вино скоп” од годинава е ребрендиран во „Skopje Wine Expo”. Три вечери скопјани и сите љубители на пијалакот на боговите ќе можат на плоштадот “Македонија” да уживаат во врвните црвени, бели или розе вина од земјава и од регионот. Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите е бесплатен

Утревечер од 20 часот до 1 часот по полноќ почнува традиционалниот фестивал на виното “Вино скоп”, кој од годинава е ребрендиран во „Skopje Wine Expo”. Три вечери во истиот термин, скопјани и сите љубители на пијалакот на боговите ќе можат на плоштадот “Македонија” да уживаат во врвните црвени, бели или розе вина од земјава и од регионот.

Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

– На годинашниов „Skopje Wine Expo”, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното – велат од Град Скопје.

Покрај загревањето со некое од најдобрите вина во овие ладни есенски денови, посетителите ќе имаат можност и да дегустираат добри закуски приготвени од различна храна, специјалитети и деликатеси кои одлично се вклопуваат со изборот на виното, со цел задоволување на сите сетила.

За таа цел, на плоштадот “Македонија” се поставени отворени тенди на површина од 1.200 квадратни метри, а на отворено небо, на сцената свои настапи ќе имаат познати локални, регионални и светски музички ѕвезди. Покрај легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, македонската рок-пејачка Дани Димитровска, талентираната поп-рок ѕвезда Кристина Арнаудова, атмосферата ќе ја вжештат и регионално познатите бендови Фрајле и Ла Банда, а главната ѕвезда на настанот е глобалниот маестро Дуке Бојаџиев.

На љубопитните граѓани кои сакаат да научат нешто повеќе за виното на располагање ќе им бидат најдобрите енолози од регионот кои се подготвени да одговорат на сите прашања поврзани со овој пијалак, начинот на производство и зреење и преостанатите трикови за време на производствениот процес.
извор: vecer.mk

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток