Скопје

Одбележани 75 гoдини од востанието во логорот на смртта Собибор

На 16 и 17 октомври 2018 година во Скопје се одржаа настани, посветени на 75. годишнината од востанието во логорот на смртта Собибор.

На 16 октомври во Меморијалниот центар на Холокаустот на евреите од Македонија, беше отворена тематска изложба. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, граѓани, претставници на различни институции, бизнис и општествени кругови и претставници на руската дијаспора. Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и генералниот ди⁠ректор на Фондот на Холокаустот на евреите од Македонија, Горан Садикарио. На крајот од настанот пред присутните настапи М.Богоевски, ученик од основното училиште „Диитар Миладинов“, со рецитирање на стихотворбата „Бухенвалдскиот аларм“ на руски и македонски јазик и вокалниот ансамбл на руските сонародници „Чајка“, кој исполни делови од советски песни од воените години.


Следниот ден во Меморијалниот центар со поддршка на Кинотеката на Македонија, беше одржана проекција на филмот „Собибор“ од рускиот режисер К.Хабенски. Пред почетокот на проекцијата беа пуштени во воздух сто балони, во сеќавање на жртвите на нацистичкиот терор.

Mероприятия посвящённые 75-летию восстания в лагере смерти Собибор

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток