Скопје

(ФОТО) Скопје под магла, загаденост нема?

Утрово Скопје е под магла, а пак, мерните станици не покажуваат загаденост на воздухот. Со ова се отвора прашањето дали институциите ја кријат евентуалната загаденост на воздухот?

Не треба да сте генијалци за да знаете дека загадениот воздух бавно ве труе и нанесува штети на вашето здравје. Кога тој е полн со ПМ 10 честички, секое вдишување воздух е вдишување мала доза отров која не ве убива веднаш, но на долг рок ќе ви нанесе многу штета.

Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?

Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:
Прерана смрт
Смрт како последица на дишење воздух со премногу честички
Проблеми со дишењето
Астма
Силно кашлање
Болки при дишењето
Хроничен бронхитис
Намалена функција на белите дробови
Проблем да се земе здив
Зголемување на ризикот од срцев удар
Зголемување на ризикот од заболување од рак
Зголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињата
Што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?

Кој е изложен на најголем ризик?

Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток