Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.
Соговорниците констатираа дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.
Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Двајцата соговорници го потенцираа значењето на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, во насока на негова целосна интеграција во Европската унија.