Заев својата неспособност се обидува да ја покрие со префрлање на вината кај меѓународни партнери на Република Македонија. Заканите, притисоците и уцените се единствената карактеристика на политиката на Зоран Заев. Лагите на Заев веќе не минуваат ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија. Време е Заев да си замине и да ја плати цената за сите мнипулации и урнисувањето на Република Македонија. Неспособниот Заев треба да си замине и на негово место да дојде техничка влада која ќе ги организира предвремените парламентарни избори, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев ја срами Република Македонија каде што ќе стигне ризикувајќи да ги влоши односите со меѓународните партнери. Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега на Република Македонија. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Република Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори. Република Македонија доби 10 позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ.
Зоран Заев ќе загуби на следните избори без разлика кога тие ќе се одржат, а на место на криминалната, неодговорната, неспособната и расипничката влада ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ и влада која што ќе ги спроведе реформите, ќе ја крене економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните.
Единствено што може Зоран Заев да направи за граѓаните е да си поднесе неотповиклива оставка и да ги спаси од агонијата во која што ги втурна овие две години, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.