Медиумите од Англија пренесуваат дека Челси и Реал Мадрид го договориле трансферот на Еден Азар за почетни 100 милиони евра, но со лесно остварливи бонуси, па зделката може да се искачи до речси 150 милиони.
Вчера од Шпанија пристигна вест дека часови се во прашање за трансферот на Еден Азар на Сантијаго Бернабеу. Двата клуба си подале рака за 100 милиони евра и во скоро време ќе пристигне официјално соопштение.
Попладнево слична сторија пренесоа и голем број извори од Англија. Скај Спортс, Телеграф и уште неколку други медиуми објавија дека паднал договор за рекордна зделка за двата клуба
Почетната сума која Реал Мадрид ќе ја плати е околу 88 милиони фунти или 100 милиони евра. Но „сините“ вметнале и неколку лесно остварливи бонуси и на крајот може да добијат високи 130 милиони фунти, или речиси 150 милиони евра.
