Свет

Патувајте, истражувајте и раскажувајте

Колкупати сте посакале да побегнете од рутината, од секојдневните обврски и сообраќајни гужви, да ја предате трката со времето и да му ја признаете победата… Сигурно секогаш кога имате барем малку време за размислување, посакувате да го спакувате куферот, да го запалите автомобилот, да патувате и да не застанувате.

Велат дека патувањето е единствената работа на која колку повеќе трошите, толку сте побогати. А летото е совршено време за патување, па затоа заборавете на сè и почнете да планирате:
Изберете дестинација

Сите ние сонуваме за далечни и егзотични дестинации, но постојат и многу неистражени дестинации кои ни се достапни со автомобил. Доколку вообичаено патувате преку туристички агенции, тогаш пред да резервирате, истражете ги програмите за попусти со кои можете да заштедите при уплата. Секако, најдобро е вашето патување да го резервирате неколку месеци однапред и на тој начин да заштедите од 15-25% од износот, користејќи ги попустите достапни за рани резервации. При изборот на дестинација, секогаш испланирајте и што сè можете попатно да посетите и на тој начин вашето патување да го направите уште позабавно. Некогаш тоа може да биде некое планинско место, некогаш селце или шармантно гратче, но токму ваквите места ќе му дадат авантуристички дух на вашето патување.
Истражете и заштедете

Постојат бесплатни интернационални програми за попусти, кои ви овозможуваат попуст во Hard Rock Cafè било каде во Европа или попуст на on-line резервација на паркинг доколку патувате во Италија. Попусти во забавни и водени паркови, музеи, фестивали, галерии и други туристички атракции… Каде и патувате, доброто истражување значи и можност значително да заштедите, а да бидеме искрени, кога се крои буџетот за патување, секој денар е важен.
Информирајте се

При патување со автомобил, значајна ставка од буџетот се патните трошоци, кои зависат од цената на горивото во странство, па висината на патарините и мостарините попат итн. Со цел да избегнете непријатни изненадувања, најдобро е сите овие информации да ги имате уште при планирање на вашето патување. Притоа, задолжително информирајте се и за основните сообраќајни правила во земјите низ кои патувате.
Проверете го пасошот и меѓународните документи за патување со возило во странство

Документите нека бидат први за проверка кога планирате патување, затоа што никогаш не знаете колку време ќе ви биде потребно за обнова на пасошот, доколку не сте подготвени да платите повеќе за издавање на документот во итна постапка.

Тука секако се и меѓународните документи за патување со автомобил во странство, како зелениот картон, меѓународната возачка довола, овластувањето за управување со туѓо моторно возило и патничкото осигурување, кои можете да ги извадите непосредно пред тргнување, 24/7.
Подгответе се за секоја ситуација

Далеку биле сите лоши ситуации, но кога патувате со автомобил, мора да бидете подготвени на сè. Што ако ви се дупне гума во странство? Или што ако не можете да го стартувате автомобилот? Ваквите услуги во странство можат да ве чинат колку целиот буџет за патување, а постои можност истите да ги добиете бесплатно. Информирајте се за ексклузивните поволности и услуги кои го добивате како АМСМ Europe Premium член и подгответе се за секоја ситуација. АМСМ Europe Premium член можете да станете on-line и да заштедите 10% или доколку обновувате некој од претходно наведените меѓународни документи за патување во странство со автомобил, тогаш можете да заштедите дури 810 денари.
Подгответе го возилото

Соодветната подготовка на возилото е клучна за вашата и безбедноста на вашето семејство на пат. Направете бесплатна летна проверка на возило, а непосредно пред тргнување и превентивен технички преглед кој е бесплатен за АМСМ членови. Дополнително можете да заштедите користејќи го попустот на сервисни услуги и резервни делови кој го добивате со членската картичка.
Секогаш имајте „паметна апликација“ за патување

Пред тргнување на пат, не заборавајте да симнете мобилна апликација, која ќе ви овозможи, на еден допир да ви бидат достапни сите потребни информации за патување. Од информации за состојбата на патиштата и граничните премини во земјата, преку информации за патување во над 30 европски земји до поважни телефони во земјата и странство.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток