Руската компанија Tatprof е соочи со жестоки критики од јавноста откако им понуди бонус на работничките кои ќе носат мини здолниште или фустан на работа.
Производителот на алуминиум ја почна кампањата „Женски маратон“ во која работничките ќе може да заработуваат по 100 рубљи (1,36 евра) на ден повеќе ако на работното место дојдат облечени во мини.
За да го заработат бонусот, жените треба да задоволат два услови: здолништето или фустанот да не бидат подолги од пет сантиметри до колено и да испратат фотографија до управата на компанијата за да докажат дека дошле така облечени.
„Акцијата“ трае до 30 јуни, но веќе наиде на остри критики на социјалните мрежи каде корисниците велат дека ваквиот потег е сексистички и дека компанијата е непрофесионална.
Портпаролот на компанијата соопшти дека кампањата не е сексистичка и дека шеесетина жени веќе се приклучиле кон акцијата за бонуси.
„Сакаме да им ги разубавиме деновите на своите вработени. Нашиот тим се состои од 70% мажи. Ваквите работи ни помагаат да се опуштиме. Ова е одличен начин да го сплотиме тимот“, рече тој.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)