Кореецот Тони Чои тврди дека додека нарачувал храна во „Smoothie King“ – ресторан во Северна Королина, доживеал расистички инцидент, откако вработен на сметката го именувал како Џеки Чен, само затоа што е Азиец.
Наместо да го праша како се вика и што ќе нарача, вработениот го напишал името на популарниот кинески актер и ја испечатил сметката.
Тони целата приказна ја споделил на Фејсбук и ги замолил своите Фејсбук пријатели да ја споделат објавата, за да дознаат што е можно повеќе луѓе.
„Бев во ‘Smoothie King’ со децата. Наместо да ме праша како се вика, Зак Х. мислеше дека е смешно ако напише дека моето име е ‘Џеки Чен“. За мене како Кореец ова е навреда. Покрај тоа, три други вработени кои во моментот беа со него, не можеа да престанат да се смеат на сето ова. И овде и таму наидувам на расизам и не ми пречи толку… Бесно го напиштив ресторанот, обидувајќи се да спречам моите деца да сфатат што точно се случува“, напишал Чои покрај фотографијата од сметката, на која наместо неговото име го пишува името на познатиот актер.
Ова не е прв расистички случај во споменатиот ресторан. Само еден ден пред непријатното искуство на Тони, на една жена на сметката наместо нејзиното име ѝ напишале „nigger“, пренесува „South China Morning Post“.
извор tocka.mk