Гостин во Централниот Дневник на 1ТВ беше Саша Богдановиќ, актуелен градоначалник на општина Центар кој зборуваше за рушењето на дивите тераси во Дебар Маало.
„Ние веќе подолго време апелираме и имавме извршување на решенија, но очигледно не им доаѓа памет. Пробувавме културно со разговор да дискутираме за тоа до каде може да се користи јавниот простор. Има некоја стара навика која се случувала во минатото и тоа значи дека никој претходно не реагирал. Многу мал дел имаат постапено самите, другите се дадени на извршување“, реше Богдановиќ, кој истакна дека не постапуваат селективно, бидејќи постојат решенија за отстранување. Повеќе на 1tv.mk