Скопје

Ограбена адвокатката на Латас, бара крадецот да и го врати “тулето”, оти инаку ќе зажалел

Адвокатката Анита Бегова која го застапува Драган Павловиќ-Латас пред судот за случај кој го води СЈО против него, на социјалните мрежи се пожали дека и го украле “тулето”. Всушност, тоа е носач за скии или куфер кој се става над кровот од автомобилот. Таа побара крадецот да и го врати за да не зажали.

“Ноќта на 11.06.( понеделник спрема вторник) во Капиштец е украдено Туле! Поздрав до лоповот – од погрешна особа си украл, биди паметен и вечерва врати ми го тулето, колата ми е паркирана во истиот ред, во спротивно биди сигурен дека ќе те најдам, а кога ќе те најдам ќе зажалиш за кражбата”, напиша Бегова во групата Ѕид на сообраќајниот срам.

На почеток