Македонија

Криминалот во Куманово зголемен за 20 проценти?

На денешната седница на Советот на Општина Куманово како прва точка се разгледа извештајот за работата на полициската станица во надлежност на Куманово. Во овој извештај видовме фрапантен податок дека во последните 6 месеци криминалитетот во општина Куманово е зголемен дури 20 отсто. Оваа особеност се однесува на делот економски криминал, каде што зголемувањето е 170 отсто, и на делот недозволена трговија, каде што зголемувањето е 75 отсто, изјави Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, како советничка група на коалицијата ‘За подобра Македонија’ го повикуваме ресорниот министер да обрне малку повеќе внимание за својот роден град и да си ја врши својата работа како што треба за неговите сограѓани да бидат задоволни од работата на полициската станица, а со тоа сигурноста на граѓаните во Куманово ќе се зголеми бидејќи моментно не е баш така“ додаде тој.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток