Македонија

АА: Случајот со антиалбанскиот расизам кон Езџан Алиовски во Прилеп, маневри на длабоко вграден шовинизам во општеството на РСМ

Деновиве кога е јасно дека немаме датум за отпочнување преговори со ЕУ и кога е јасно дека причината е неспроведувањето на реформите од страна на актуелната влада, се случи уште еден скандал и како и обично никој не презема одговорност како најдемократски и морален чин во нормална држава.

Конкретно, станува збор за случајот со светски познатиот фудбалер, македонскиот репрезентативец, Езџан Алиовски, кој што беше сведок на расистички феномен, во еден ресторан во Прилеп, каде што со своите родители бил на ручек, при што на нечовечки начин од персоналот побарале да го напушти ресторанот затоа што разговарал со своите родители на мајчин јазик – албански.  Во Македонија се случувале вакви феномени дури и во главниот град, но, требаше тоа да му се случи на јавна личност, која дал огромен придонес за резултатите што Македонија ги постигна во последните две години, заедно со сите други Албанци во фудбалската репрезентација на Северна Македонија, за да се сензибилизира јавноста.

Несомнено, Алијансата за Албанците ги поздравува индивидуалните реакции на многу јавни личности кои го осудуваат овој расистички чин, но нашата загриженост лежи во фактот дека никој надлежен во оваа држава, не се занимава со овие проблеми и не ги осудува. Пред неколку дена главното скандирање на навивачите при прославата на победата на Вардар во финалето на лигата на шампионите во ракомет, беше токму пцуењето Албанци а вчера,  фудбалскиот репрезентативец Алиоски беше истеран од ресторан зошто зборувал албански, додека надлежните институции молчат.

Од една страна слушаме убави зборови со кои се даваат ветувања и се примамуваат Албанците, а ништо од тоа не се остварува, а од друга страна сега кога еклатантно се демаскира слоганот “Едно општество за сите” и кога треба да се излезе во одбрана на достоинство на Албанците, институциите молчат.  Срамота за државава.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток