Свет

(ВИДЕО)Тројно убиство во Белград, телата пронајдени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, полицијата откри три тела во септичка јама во Сурчин, населба во Белград.

Сѐ уште не се знае официјално идентитетот на жртвите и причината за нивната смрт, но Новости објавија дека најверојатно се работи за тројно убиство.

Драгослав Јовановиќ, кој пукаше во својата сопруга минатата година во Нов Белград е осомничен за убиство на трите лица. Станува збор за Ш.Н. (1997), неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М., пишува Вечерњи новости. Нивното исчезнување било пријавено на 10 ти.

Исчезнувањето на трите лица во полицијата ги пријавил неговиот татко, кој изјавил дека се сомнева дека се убиени од неговиот син.

Драгослав Јовановиќ истата вечер на 10 јуни, после тројното убиство на друга локација, пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата.

 

 

На почеток