Свет

Трамп преку „Твитер“ најави дека денеска јавно ќе ја објави неговата кандидатура за реизбор

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер најави дека денеска во Орландо, Флорида јавно ќе ја објави неговата кандидатура за реизбор. Тој притоа им понуди на поддржувачите линк за аплицирање за билети.

„Засега котирам добро, и рано е да се фокусирам на изборите. Имаме уште работа! Да ја направиме Америка, повторно да биде најдобра!“, објави Трамп преку Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека води над сите демократски претседателски кандидати кои сакаат да го соочат на изборите 2020-та, иако неговата кампања отпушти тројца анкетари откако последните истражувања на јавното мислење кои што протекоа во јавноста, покажаа дека Трамп заостанува зад водечкиот демократ, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

На почеток