Коментари

Апасиев: Не се плашете, СДСМ и Заев тоа го сакаат

Професорот Димитар Апасиев ја јавноста и порача да не се плаши, бидејќи власта тоа го сака. Според него целиот репресивен апарат обвинителство, полиција, судии, инспекторати, комисии, рекетари во Македонија е активиран за да се плаши народот, а со тоа впрочем СДСМ и Заев го покажуваат својот страв. Апасиев истакна дека иако го имаат странскиот грб мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл. сепак народот игра на домашен терен.

„НЕ ИМ СЕ ПЛАШЕТЕ!

Тоа го сакаат. Затоа го имаат впрегнато цел репресивен апарат (обвинителство, полиција, судии, инспекторати, комисии, рекетари…). Тоа доволно говори дека и те како се упрпани. Оти и они не се недоветни. Знаат дека ова што го прават е антидржавен криминалитет и кад-тад ќе си лежат. А тоа шо имаат странски грб (мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл.), не значи дека не можеме поштено да ги „истепаме“ додека да им дојде помошта.
Оти запамтете: Играме на домашен терен!“, напиша Апасиев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток