„ИДИОТИЗАМ ИЛИ ПАК…🤔
После 5 години работа во градинката Павлина Велјанова на проектот Корективна Гимнастика во кој вложив многу труд,енергија,знаење,стручност,љубов,организација на 5 Детски Олимпијади дојде ред на база на оваа работа Министерството да одобри работно место……меѓутоа партиските ботови настапија и нели има назначено луѓе кој се задолжени да ја кројат нашата судбина и напредок😡,одлучуваат луѓе кој не ја познаваат оваа работа со 4 годишни деца, луѓе без никакви вредности и морал,достоинство ,полни со омраза,луѓе кој си ги гледаат само личните интереси и фотелја……Знаете ли чие име извикуваат децата на видеото? А они пак не се битни нели…..Родителите знаат ли каков кандидат е избран да ги учи нивните деца и со какво искуство или пак Дете ќе учи деца?По кој основ и компетентност е избран? Мојот придонес за овој град и држава (ако е овоа држава воопшто) се гледа преку Плакети, Благодарници,Дипломи, Селектор на Гимнастичка федерација….ама и тоа не е вредно партиска книшка е битна , некој ако напренднува во некоја област а не е од владејачката партија да се деградира во секој поглед, па ние нели ќе си фанеме странство оти за нас тука место нема, а и иде голем напредок со вакви сваќања ќе бидеме Пензионерска држава со иднина и просперитет“, напиша на социјалните мрежи Николче Колев.
ИДИОТИЗАМ ИЛИ ПАК…🤔После 5 години работа во градинката Павлина Велјанова на проектот Корективна Гимнастика во кој…
Posted by Kolev Nikolce on Wednesday, October 24, 2018
„Му се обраќам на ова младо момче кое добро си ја знае својата работа и си е мајстор на занаетот. Ако не знаете се вика Николче Колев. Тренер на ДГС Кочани и селектор на машката гимнастичка репрезентација на Македонија. Ако за некому НЕ за мене сето тоа МНОГУ кажува. Кока, со проектот што ТИ го започна во градинките внесе ренесанса во забавниот живот на дечињата од малите возрасти. Биди горд на сето она што го направи во тој период, но и главата горе, бидејќи знам дека ти си борец и верувам дека ќе победиш. за жал на ова парче земја што некои мислат дека е држава (имаше име и презиме само до 08. септември 1991 година) ваквите работи се секојдневни. Штета што менаџерите кои ги поставуваат не размислуваат со своја глава туку чекаат таму одозгора некој да им каже што и како. искрено познавајќи те знам дека погрешија и тоа многу. Не ме интересира воопшто кој е примен на твоето место кое ТИ го отвори на некоју начин но уверен сум дека бргу ќе си ја согледаат грешката. Главата горе Кока, бидејќи реков ти си борецот кој кога и да е ќе ја добие борбата“, реплицира Славчо Ивановски на објавата од Колев
