Јас сум против помирување и против простување и против заборавање и против пикање на ѓубрето под килим и против гушкање со луѓето кои кога биле на власт ме тепале и против христијанското вртење на другиот образ.
Јас сум и против омраза и против реваншизам и против освета и против враќање здраво за мило и против да видат сега тие како е.
Јас сум бре еднаш да почнеме да го применуваме законот и да го прекинеме кругот на политички пазарења и да воспоставиме цврсти мерила на вреднување кои ќе важат еднакво за сите и да ги заштитиме граѓаните од минатите и сегашните и идните злоупотреби на моќта.
Мирјана Најчевска – Фејсбук статус