Магазин

(ВИДЕО) Деа Ѓурѓевиќ која пред неколку месеци доживеа тешка сообраќајна незгода се врати пред малите екрани

Водителката Деа Ѓурѓевиќ која пред неколку месеци доживеа тешка сообраќајна незгодаи за малку ќе ја загубеше раката, утрово повторно се врати во нејзината Утринска програма „Ново утро“, на белградската ТВ „Пинк“. Емисијата, таа ја води со колегата Предраг Сарапa кој ја покани како гостинка, пренесува „Блиц“.

„ За мене, како никогаш да не си била отсутна“, ја пречека колегата Деа и ѝ посака добредојде.

„Дојдов во мојата втора куќа конечно. Всушност, „Пинк“ е мојата прва куќа со оглед на тоа колку време поминуваме овде заедно. Ви благодарам на сите што бевте со мене. Морам да ви кажам дека сѐ е од главата. Имав многу операции за да го сочувам животот. Раката ми беше ампутирана, срцето, градите, карлицата, ногата ми беше паразлизирана. Беа тоа тешки повреди и сето ова може да се истурка со насмевка. Сето ова може да истурка со сите вас, луѓето од телевизијата, Младен, баба ми, мајка ми. Ви благодарам многу што ми праќавте пораки и совети“, порача водителката.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток