Магазин

Како да се заштитите од комарците, со природни препарати

Доколку сакате ова лето да уживате без досадниот звук на комарците и чешањето како последица од каснувањето, следниве совети ќе ви помогнат. Природна заштита од угризи од комарци нуди витаминот B1, познат како тијамин. B1, може да го промени приронио мирис на вашето тело и да ве направи понепримамливи за комарците. Него го има во квасец, грав, дроб, кељ, јајца…

Докажано е дека комарците бегаат од одредени мириси кои им пречат, а вие може да ги користите како освежувач и заштита од нив:

Ванила во прав

Измешајте ванила во прав со бебешки лосион во сооднос 1:10 и нанесете го на сите изложени делови од вашето тело.

Есенцијални масла од анасон, каранфилче, босилек, еукалиптус

Овие есенцијални масла имаат моќ да ги исплашат комарците, па може да се намачкате со 5-10 капки или да ги ставите во сад врз специјална свеќа.

Бозел

Во просторијата во која поминувате поголем дел од денот или пак на терасата, ставете во корпа гранчиња бозел, а мирисот ќе ги одбива комарците.

 

Каранфилче

Измешајте 5 g каранфилче во чаша вода и ставете ја мешавината да се вари 15 минути. Потоа измешајте 10 капки од таа мешавина со 1 лажица колонска вода и нанесете на изложените делови од телото.

Со ова решение комарците нема да ви се приближат барем 2 часа.

Камилица

Камилицата е стар природен лек против комарци. Исушете ги ливчињата, дршките и ливчињата, а потоа издробете ги додека не се претворат во прав, што влијае директно врз нервниот систем на инсектите.

Лаванда 

Лавандата не само што ги одбива комарците, туку има преубав мирис, па воедно додека спиете ќе имате и третман на ароматерапија што поволно влијае на релаксирањето на нервниот систем и на квалитетот на сонот.
Се што ви е потребно е празно шишенце со прскалка. Наполнете го со направената смеса од 40 капки масло од лаванда и 100 мл дестилирана вода. Убаво измешајте и прскајте со него по телото и лицето пред спиење.

 

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток