Македонија

МВР за убиството на уличен продавач на девизи – убиецот телото го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“

Расчистено убиство во Струмица, Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство го расчисти случајот со пронајденото тело во метално буре на 20.06.2019 година, во вештачкото езеро „Турија“. По извршените анализи, утврдено е дека станува збор за лицето Ристо Иљашев и дека смртта настанала по насилен пат.
По добиената пријава за исчезнување на Ристо Иљашев од Струмица на 07.05.2019 година, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица, во содејство со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал при МВР, ОКТИВ при МВР и Институтот за Судска медицина во Скопје, а по насоки од надлежното обвинителство во Струмица, превзедоа бројни активности се со цел расветлување на случајот.

По превземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16.05.2019 година до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против М.В. (52) од с.Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.1 од Кривичниот законик бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев а потоа се обидел да го прикрие убиството. Истиот ден Судија за претходна постапка во ОС Струмица на осомничениото лице му изрече мерка притвор во траење од 30 дена. По наредба на јавен обвинител беа превземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по лицето особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата.

Осомничениот М.В. кривичното дело го извршил на начин што го искористил долгогодишното познатство со оштетениот Ристо Иљашев и на подмолен начин го лишил од живот, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие така што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“ во Струмица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток