СДСМ во врска со објавената снимка во медиумите за наводна поврзаност со Градоначалникот на Општина Шуто Оризари го испрати следново соопштение:
Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво, се вели во соопштение од СДСМ.