Скопје

Отворена истрага против две лица поради обид за убиство со „калашников“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид.

Двајцата се осомничени дека на 22 октомври годинава во село Батинци со умисла се обиделе да убијат едно лице.

Додека оштетениот се движел по улица со блиндиран автомобил „бмв 750“ со германски регистарски таблички и поминувал во близина на гробиштата, двајцата осомничени пукале кон него со автоматски пушки „калашников“.

Возачот застанал со автомобилот, а кога осомничените му се доближиле со оружје во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.

Едното осомничено лице веќе е лишено од слобода и нападнатиот го препознал, а другиот осомничен не им е достапен на органите на прогонот и за него Министерството за внатрешни работи распишало централен распис.

Со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат дека осомничените може да побегнат, да ја попречат кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците или да го повторат, односно да го довршат кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 доставил и предлог за определување мерка притвор за двајцата напаѓачи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток