Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице поради убиство.
На 16.10.018 година дошло до несогласување меѓу двајцата бидејќи починатиот со неговото возило кај Катланово му го попречил патот на обвинетиот. Недоразбирањата продолжиле и следниот ден, при што на 18.06.2018 осомниченото лице со своето возило дошло во с. Студеничани. Оштетениот со безбол палка го удрил осомничениот во пределот на главата, нанесувајќи му повреди, и веднаш започнал да бега. Во тој момент, осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал повеќе куршуми кон оштетеното лице, нанесувајќи му осум повреди. Од здобиените повреди, лицето починало следниот ден во Ургентниот центар „Мајка Тереза” – Скопје.
Поради постоење на опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката притвор.