Скопје

Инвеститорот кај Мајчин дом: Општина Аеродром нема пари да ме обештети, зградата ќе се изгради

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети. Тој денес по обајвата дека ги разлутил аеродромци, реши да одговори на прашањата од „Макфакс“, кои трета недела не ги одговараше.

Вели дека се обиделе да најдат нова соодветна локација како замена за онаа пред „Мајчин дом“, но не нашле таква ниту на територија на Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје.

„Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот“, вели Етеми.

За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во Општината, за потоа да продолжи со градење.

Повеќе на Макфакс

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток