Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Утре, преку денот ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Попладне понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи особено на југозападот. УВ=9
