“Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов.
На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество.
Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес.
Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик”, се вели во соопштението од Владата.
