Скопје

Автобусите на ЈСП палат само на туркање

Старите автобуси на ЈСП кои возат низ Скопје, се почесто со технички проблеми. Претпријатието поради недоволен број на возила ги пушта старите автобуси да превезуваат граѓани. Пред еден месец од сообраќај беа исклучени десетина автобуси од страна на МВР бидејќи биле технички неисправни.

Од ЈСП тврдат дека автобусите се безбедни за превоз на патници. Но, според фотографијата, тие не можат ниту да тргнат, па патници морале да помогнат за да стартува автобусот.

Техничкиот директор, Васил Толевски, вели дека поплаките од граѓаните се за удобноста на новите автобуси кои се набавени пред пред 8 години.

Васил Толевски вели дека во моментов ЈСП прави напор за набавка на автобуси кои ќе возат со природен гас. Во тој момент од функција ќе бидат исфрлени старите автобуси, а очекувањата се дека тоа ќе се случи идното лето.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток