Скопје

Ветерот искорна бандери во Скопје

Скопскиот регион во текот на денешниот ден беше зафатен од силен ветер кој достигнуваше брзина и до 95 километри на час и истиот предизвика штети. Ветрот откорна бандера со кабли за електрично напојување во Лисиче. Очевидците велат дека за среќа, во тој момент, немало минувачи ниту автомобили.

Бандерата не паднала целосно поради затегнатите жици, но жителите велат дека можело да биде трагично, бидејќи улицата била фреквентна.

Попладнево, ветерот со голема брзина допридонесе и за енормно загадување на Скопје, на што реагираат жителите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток