Скопје

Скопјанка претепана од свршеникот

Со тешки телесни повреди вчера во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ била донесена скопјанката С.П., која била физички нападната од својот свршеник С.Ф., соопшти МВР.

„Истиот ден, околу 11 часот, С.П. отишла во домот на својот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18.40 часот таа со такси-возило заминала во Градската општа болница ‘Свети Наум Охридски’, каде што од страна на лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување“, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаaт мерки за целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток