Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со унгарскиот амбасадор Дукс

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Унгарија, актуелните состојби во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија и во НАТО.

Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката од Унгарија за добивање на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и поддршката за членство во НАТО. Во тој контекст, Претседателот изрази задоволство од ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното Собрание на Унгарија.

Амбасадорот Дукс на претседателот Пендаровски му упати честитки по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток