Македонија

Георгиески: Ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, конечна одлука до крајот од неделава

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески деновиве присуствува на Конференцијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Георгиески е дел од македонската делегација составена од владините претставници Едмонд Адеми и Андреј Жерновски и од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Предмалку на социјалната мрежа фејсбук Георгиески напиша:

На 43-та сесија на Комитетот за светско наследство во Баку, Азербејџан ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, како и сите активности, кои беа во насока на исполнување на препораките од мониторинг мисијата на УНЕСКО од 2017 година.

Од голем број земји членки на Комитетот, кои денес имаа свои излагања, е констатиран напредокот во реализацијата на препораките. До крајот на оваа седмица се очекува да се донесе конечна одлука поврзана со нашиот регион.

Се надеваме на поддршка и шанса, да продолжиме посветено и одговорно со реализација на мерките за заштита на Охрид и заедно да го зачуваме ова Светско наследство, напиша градоначалникот Георгиески на ФБ.

Инаку голема е веројатноста Охридскиот регион да биде ставен на листата региони  за светско наследство во опасност, но тоа не значи дека тој целосно ќе го загуби статусот на подрачје на УНЕСКО.

Минатата година, владата ги запре проектите на претходната влада за ски-центар и за експресен пат до Пештани, но од задачите што требаше да се сработат досега не исполни ниту една. Напротив, продолжи деградацијата со зголемен број дивоградби, палење трска, несправување со контроверзни објекти, како хотелот во Лагадин и дивоградбата кај Чинарот итн.

Поради сето тоа, две години откако УНЕСКО ги објави забелешките, го стави на дневен ред и предлогот за охридскиот регион да се прогласи за светско наследство во опасност.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток