Денес во судот Јордан Камчев сведочеше за предметот ,,Тортура” каде што првообвинет е Сашо Мијалков. Предметот се однесува за апсењето на Љубе Бошковски.
Камчев вели дека разговарал по телефон и воопшто не е забрането да се збори за криминал преку телефон, бидејќи сите зборувале за тоа и предметот му бил интересен, му одговорил на обвинителот Љубомир Лапе .
Тој сведочел на 06.07.2011 кога било апсењето на Љубе Бошковски .
Познато ми е дека апсењето сите го видоа на ТВ, дека одредено лице примило мито, преговарал за името и треба да биде уапсен вели Камчев кој на прашање дали дента зборувал на телефон со Оливера Трајковска не се сеќавал .
Тој се сомнева во автентичноста на ,,бомбите” предадени во СЈО може да се монтирани, лепени …
Оливера Трајковска вели дека се слушнала со Камчев и дека соопштил дека нешто ќе се случува за еден час .