Македонија

Во локали во Гостивар и Тетово откриени 19 албански држајани со нелегален престој

На 06.07.2019 година во времето од 05,00 до 11,00 часот од страна на полициски службеници била извршена акциска контрола на подрачјето на Полициското одделение Чегране и во с.Чајле на три објекти биле затекнати шест лица: Ч.А.(40), Х.Д.(41), Ч.Ш.(61), А.Е.(26), А.М.(42) и З.Ч.(55) сите од Р.Албанија со непријавен престој во РСМ. Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

И на на 06.07.2019 година во времето од 05,00 до 11,00 часот од полициски службеници спроведена била акциска контрола на подрачјето на Полициската станица Гостивар и при контрола во седум објекти биле затекнати 13 државјани од Р.Албанија со непријавен престој во РСМ, и истите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток