Македонија

Ако граѓаните бојкотираат, Собранието ќе одлучи за промена на името, најави Димитров

Ако мнозинството граѓани на референдумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО а притоа  го нема потебниот цензус тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во законодавниот дом.

Доколку пак има само еден глас повеќе кој е против референдумското прашање тогаш процедурата завршува. Ова се пораките кои ги испрати од прес-конференцијата министрерот за надворешни работи Димитров на која јавно пред медиумите ги објаснуваше членовите од договорот  за кои се крена фама во јавноста.

Димитров порача дека со седење дома не се донесува одлука и дека одлучуваат само оние кои ќе излезат да гласаат.

„Ние ќе се поклониме и ќе кажеме ‘Оваа работа не поминува’. Само тие што гласаат може да влијаат на таа одлука. Ако мнозинството каже, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено в предвид, но ситуацијата ќе се врати во Собранието“, изјави Димитров.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток