Македонија

МНР: Досега нема информации за настрадани македонски туристи на Халкидики

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија од МНР.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Прекинато е и снабдувањето со електрична енергија во најпогодените делови на Халкидики. Грчката противпожарна службадобила над 600 повици за помош, а интервенирано е во 235 случаи за спасување и за отстранување на паднати дрвја.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, живото го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета.

 

На почеток