Македонија

(ВИДЕО) Силно невреме синоќа ја зафати Долна Преспа

Откорнати покриви од куќи, дрвја и бандери, ова е сликата по силното невреме кое ја зафати Преспа синоќа. Врнежите од дожд, силниот ветер, повременото паѓање на град, предизвикаа големи материјални штети. Огромна материјална штета има и на овоштарниците. Од центраот за управување со кризи велат:

Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени.
Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без ел.енергија. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции.

-Ништо не е поубаво, но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу “природа”!, напиша Бојаџи на Фејсбук.

Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу "природа"!

Posted by Jani Bojadzi on Wednesday, July 10, 2019

На почеток