Македонија

Заев: Сметам дека овие пранкови претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација

Премиерот Зоран Заев денеска има средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, но како што вели оваа средба не е поврзана со со неговиот телефонски разговор со руските пранкери туку истата била закажана пред 10тина дена.

-Ние имаме редовна комуникација со сите амбасадори. Оваа средба е закажана уште пред десеттина дена. Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план, нагласи Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали досега разговарал со Баздникин за телефонските разговори со лажните Порошенко и Столтенберг, во кои меѓу другото кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под влијание на Русија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток