Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“. Според првичните информации, несреќата се случила кога на службено возило – комбе, во кое се превезувале петмина вработени во јавното претпријатие „Јасен“, му откажале сопирачките и се превртело. Притоа, еден од патниците починал, возачот е потешко повреден, додека останатите патници се здобиле со полесни повреди.
По извршениот увид, дежурниот јавен обвинител нареди обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Меѓудругото, ќе се проверува и сервисната историја и претходното одржување на возилото.