Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И(27) од с.Грчец поради основано сомнение дека извршил три кривични дела “разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 408.000 денари.
Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на август годинава на подрачјата на Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, сите во објекти на казино „Сенатор“, и на идентичен начин – на местото на настаните доаѓал со моторцикл марка Кимко (без регистарски ознаки) се паркирал пред казината, влегувал во истите и со закана со пиштол од вработените барал пари.. Првото кривично дело Ш.И. го извршил на 03.08. околу 21:45 часот на ул.Ѓорче Петров, второто кривично дело го извршил на 11.08. околу 17:00 часот на ул.Вангел Димов во клуб казиното Сенатор, и третото кривично дело го извршил на 28.08. околу 10:45 часот на ул.Народен Фронт во клуб казиното Сенатор. Притоа во третиот случај пријавениот откако ги зел парите од касата при излегување од казиното со закана со пиштолот и употреба на физичка сила ги удирал играчите во казиното и барал да му ги дадат парите, по што го напуштил објектот.
Врз основа на преземените оперативни мерки и активности обезбедени се материјални докази, а на 06-ти минатиот месец на ул.Козле во близина на детското игралиште покрај кејот на река Вардар пронајден е моторциклот марка Кимко без регистарски таблици, кој е предаден за крим-техничко вештачење.
Скопјанец