Македонија

Дрецун: Македонија станува центар на силно разузнавачко делување против интересите на Србија

Во Македонија има разузнавачи кои сакаат да ѝ наштетат на Србија, тврди претседателот на собраниската комисија за Косово во српскиот Парламент, Милован Дрецун.

Вели дека пред два месеци е формиран силен разузнавачки тим, кој работи скриен во голема западноевропска фабрика за автомобили во Скопје, а чиешто тајно делување било насочено кон блокада на постигнувањето на компромисно решение помеѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тоа го прават разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија.

Дрецун изјави дека во одредени соседни земји се води силна кампања против постигнување на било какво компромисно решение помеѓу Белград и Приштина и додаде дека Македонија станува центар на силно разузнавачко делување против интересите на Србија, пренесе „Вечерње новости“. 

„Секое постигнување на компромисно решение е столб за стабилизација на овој регион, а непостигнувањето на компримис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови немири во регионот и создавање на ‘Голема Албанија’“, изјави Дрецун.

Тој истакна дека македонската власт мора да одговори која е целта од формирањето на разузнавачки тим, којшто сака да ѝ наштети на Србија.

На почеток