вто. Ное 12th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Американската амбасадорка воодушевена од природните убавини во Охрид, за дивоградбите не знае

Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Бернс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

Бернс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.

„Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата“, пишува на твитер профилот на американската амбасада.

Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close