Британската премиерка, Тереза Меј, се забавуваше на музичкиот фестивал „Хенли“ во Лондон. Таа се изнаигра на песните од шведската група „АББА“. Најмногу ќеф ѝ направија „Денсинг квин“ и „Мама миа“.
Меј заедно со сопругот и пријателите се појави во кралската ложа на фестивалот. Во ложата во која се наоѓала, како што пренесуваат британските медиуми, едно шише шампањ чинело 90 фунти.
Меј пристигнала на фестивалот во придружба на телохранители.
Како се забавува Терза Меј погледнете на овој линк.
Theresa May caught on camera dancing to Abba at Henley Festival https://t.co/bdTVqvKxSO pic.twitter.com/SqEs91062O
— SimpleNews.co.uk (@Simplenewsuk) July 14, 2019