Спорт

Шаховски велемајстор уловен како користи телефон за време на турнир

Интернационалната шаховска федерација го суспендираше велемајсторот Игорс Раусис поради тоа што беше фатен како мами за време на турнирот одржан во Стразбур, Франција. Шахистот ги призна обвиненијата и понудил објаснување зошто го направил тоа.

Летонско-чешкиот шахист Раусис (58) бил испратен пред дисциплинската комисија. Генералниот директор на шаховската федерација, Емил Сутовски, на Facebook напиша дека Раусис бил сомнителен подолго време и ова било само првиот чекор во борбата против мамење.

Летонско-чешкиот шахист беше фатен како го користи неговиот смартфон за време на турнирот кој беше одржан во Стразбур. „Вчера го загубив умот. Нормално дека признав дека мамам, што друго можам да кажам? Бев изморен од утринскиот меч и го употребив смартфонот. Ова е добра лекција – можеби не за мене, бидејќи го одиграв последниот меч во кариерата, но добра за спортот“, изјави Раусис.

Тој беше освојувач на велемајсторската титула во 1992 година. Станува сомнително неговото нагло искачување на ранг-листата во последните неколку години.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток