пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Македонец постави рекорд за прв пат во историјата на ридско брзинските трки на Водно

Изминатиов викенд на Водно се одржа 37 Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за ФИА централноевропската зона.

На натпреварувањето кое се одржа во неделата на 21.07.2019, македонскиот најуспешен натпреварувач и европски шампион во трките од оваа категорија, Игор Стефановски Иџе, постигна рекорд од 02:02:09. Постигнатото време е за 2 секунди подобро од последниот рекорд. Интересно е тоа што за првпат во историјата на ридско брзинските трки на Водно, Македонец е сопственик на поставен рекорд.

Според шампионот Стефановски, конечно е исполнет сонот. Постигнат е долго посакуваниот рекорд.

„Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката, која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но не и севкупниот рекорд на оваа патека. Конечно мисијата е завршена. Јас како Македонец сум горд што го имам и македонскиот, но и рекордот на оваа патека воопшто. Им се заблагодарувам на луѓето од мојот тим. Тие овозможија овој автомобил кој е подготвен за друг вид на натпреварување, да се приспособи за да можам да настапам на оваа трка.“- додава Иџе.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com