Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија, каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата Тесла, „семи“ се движи без возач зад воланот. Видеото сепак доби огромна популарност дури сега, а заедно со тоа корисниците обрнаа внимание и на фактот дека зад воланот на камионот нема возач.
Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, кој создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.
Доколку, сепак, од „Тесла“ на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи.
Во продажба треба да излезат две модификации: „Standard“ со километража од 480 километри и „Long Range“ со километража од 800 километри со едно полнење. Tesla ветува дека ќе почне со производство на камиони до крајот на годината.
#Tesla #Semi on the 101 pic.twitter.com/2s4cw7DsU0
— Spencer Uttley (@spenceyou) May 1, 2019