Македонија

Камчев нема да биде гонет за давање поткуп, бидејќи го пријавил случајот, вели Русковска

Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радиото Канал 77 објасни дека Орце Камчев не е осомничен за давање поткуп, бидејќи со пријавување на случајот тој се ослободува од одговорност.

-Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, доколку тој го пријавил, се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата оди нагоре, но за тоа немаме цврсти докази. Ние долго време ја работевме предистрагата, бидејќи имаше сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО. Затоа вршевме и толку проверки, рече Русковска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток