Македонија

Два автомобили излетале од патот – има повредени

На 21.07.2019 во 00.10 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, Е.Ш.(41) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Мерцедес 400ЦДИ“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.М.(70) од Кавадарци и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Е.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

На 21.07.2019 во 02.20 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, Д.Н.(52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д.(48) од Скопје и Н.С.(33) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д.(46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток