Возилата кои вчера навечер ги заплени државата како дел од истрагата за случајот „Рекет“ вредат повеќе од 1 милион евра.
Во кругот на охридската „Касарна“ се наоѓа пловило кое вреди повеќе од 100.000 евра, а запленети се џипови, мотори, и скутери за забава на вода.
Извори во истрагата информираат дека биле вршени претреси во повеќе објекти сопственост на Зоран Милески Кически на територија на општините Охрид и Дебрца.
Неофицијално заплените ќе продолжат понатаму врз недвижен имот.