Македонија

Две лица се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.  Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички  и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток